Кога да се користи ВИТАМИН Д3 Крка:
- да се спречи недостаток на витамин Д (ниски нивоа на витамин Д во организмот) кај деца од 6 години или постари, адолесценти и возрасни со идентификуван висок ризик;
- за третман на недостаток на витамин Д кај адолесценти и возрасни;
- како додаток на специфичен третман за остеопороза (болест која се карактеризира со намалена коскена густина, што го зголемува ризикот од фрактури) кај возрасни со недостаток на витамин Д или висок ризик од недостаток на витамин Д.
Не земајте витамин Д3 Крка:
- ако сте алергични на витамин Д или на која било од другите состојки на овој лек (наведени во дел 6),
- ако имате покачено ниво на витамин Д во крвта (хипервитаминоза Д),
- ако имате високо ниво на калциум во крвта (хиперкалцемија) или урина (хиперкалциурија)
- ако имате бубрежни камења или калциум во вашите бубрези,
- ако имате сериозни проблеми со бубрезите (бидејќи вашето тело не може да користи витамин Д).
Пред употреба внимателно прочитајте го упатството и консултирајте се со вашиот доктор.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.