Аптека Хигија Фарм

Varugastal таблети

290.00ден

Варугастал е 100% природен хербален производ кој во својот комбиниран состав, содржи стручно селектирани, корисни и моќни билки (Millefoli herba, Hyperici herba, Urticae folium, Centauri herba, Melisae folium, Plantago folium), Се употребува при проблеми со варење на храната, грчеви во желудникот, како и при катар на органите за варење.

Варугастал е 100% природен хербален производ кој во својот комбиниран состав, содржи стручно селектирани, корисни и моќни билки (Millefoli herba, Hyperici herba, Urticae folium, Centauri herba, Melisae folium, Plantago folium),

Millefoli herba има благопријатно дејство при воспаленија на слузкожата на желудникот, цревата и дванаесетпалачното црево, како и при колити и други цревни заболувања. Исто така ги стимулира дигестивните органи на лачење на сокови и ја подобрува работата на жолчката и панкреасот.

Hyperici Herba  билката која со векови се употребува при стомачни тегоби, против подуеност и за регенерација на слузокожата на органите за варење.

Urticae folium е билка која делува на црниот дроб, жолчката и слезината. Се употребува при проблеми со варење на храната, грчеви во желудникот, како и при катар на органите за варење.

Centauri herba содржи горчливи состојки и се користи за зголемување на лачењето сокови во дигестивниот тракт, за подобрено варење на храната и подобра работа на жолчката.

Melisae folium го нормализира лачењето на желудечни сокови, го намалува воспалението на грлото, желудникот и цревата, делува антиеметично (против повраќање) и помага кај проблемите предизвикани од анорексија.

Plantago folium има антибактериско дејство и го намалува воспалението на слузниците и ја помага нивната регенeрација.

Варугастал” е 100% природен, чист, еколошки, хербален додаток во исхраната.

Пакување:

Пакувањето е во стаклено шишенце кое содржи 50 таблети.

Начин на употреба:

Три пати на ден по 2 таблети со чаша вода пред јадење.

Напомена:

Да се чува далеку од дофат на деца. Препорачаните количини не смеат да се прекорачат.

Да се чува на температура до 25 С

Додатоците во храна не се замена за урамнотежената исхрана.

Производител

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Прв напиши оценка “Varugastal таблети”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *