SeptaNazal спреј за нос за возрасни

179.00ден

СептаНазал спрејот ги стеснува крвните садови во носната слузница и го намалува отокот на носната слузница и лачењето на секрет. На тој начин, се намалаува чувството на затнат нос. Покрај тоа, овозможува заздравување и ја штити носната слузница.

Септаназал спрејот за нос за возрасни содржи ксилометазолин хидрохлорид и декспантенол. Ксилометазолин хидрохлоридот брзо ги стеснува крвните садови во носната слузница и го намалува отокот на носната слузница и лачењето на секрет. Декспантенол е дериват на витаминот пантотенска киселина кој овозможува заздравување и ја штити носната слузница.

Септаназал за возрасни се употребува:

  • за намалување на отокот на носната слузница при воспаление на носната слузница (ринитис) и за заздравување на повредите (лезиите) на слузницата,
  • за олеснување при неалергиско воспаление на носната слузница (вазомоторен ринитис),
  • за лекување на отежнато дишење низ носот по операција на носот.

Овој лек е наменет за возрасни и школски деца на возраст од 6 години или постари.

Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!

Начин на издавање

,

Производител

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Прв напиши оценка “SeptaNazal спреј за нос за возрасни”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *