Состав
Натриум хијалуронат (0,4%)
водни дестилати од гинко билоба, анасон, боровинка и готу кола.
Фармацевтска форма
Капки за очи, раствор.
Индикации
Капките за очи Прокулин Солзи Адванс со обновувачко и со заштитно дејство се користат за освежување, смирување и за подмачкување на сувите очи и во случаи на иритација на окото како резултат на:
- атмосферски фактори (климатизирана средина, преголема изложеност на сончево зрачење, ветер, чад, загадување);
- сувост на окото предизвикана од прекумерен замор, како резултат на долготрајна работа пред компјутер или на учење, или од синдром на суво око;
- офталмолошки стрес, по оперативен зафат на површината на окото;
- носење леќи неколку часа на ден.
Пакување
Пластично повеќедозно шишенце со 10 ml раствор и упатство за пациентот. Без конзерванси.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.