ШТО ПРЕТСТАВУВА ЛЕКОТ ПИКОВИТ И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА
Пиковит обложените таблети содржат десет есенцијални витамини, како и калциум и фосфор. Витамините се супстанции кои имаат огромно биолошко значење и се вклучени во регулирањето на многубројни биохемиски процеси во човековото тело. Групата на Б витамините (Б, Б2, Б6, пантотенска киселина и никотинамид) се вклучени во метаболизмот на jаглехидратите, протеините и мастите, како и во функционирањето на нервниот систем. Витаминот А е потребен за развојот на епителните клетки и за синтезата на очниот пигмент. Витаминот Д го регулира користењето на калциумот и овозможува соодветна минерализација на коските и забите. Витаминот Ц помага при апсорпцијата на железото и е дел од многубројни оксидативно-редуктивни процеси во човековото тело. Калциумот и фосфорот се главните структурни компоненти на коските и забите.
Пиковит обложените таблети се разликуваат по надворешниот изглед (тие се во различни бои) но не и во нивниот состав.
Пиковит обложените таблети ги задоволуваат потребите на телото за витамини, калциум и фосфор, и го надоместуваат недостатокот на истите во исхраната, кога општите мерки (без разлика дали исхраната е разновидна или еднолична) не се доволни.
Пиковит обложените таблети имаат многу пријатен вкус и се наменети за деца:
- со намален апетит,
- при прекумерен замор,
- кај деца на училишна возраст,
- како додаток по терапија со антибиотици,
- како витаминско-минерален додаток во исхраната.
Пиковит обложените таблети не претставуваат замена за избалансирана и разновидна исхрана. Поради тоа, многу е важно да се напомене дека исхраната на вашето дете треба да биде избалансирана и разновидна додека се употребува лекот Пиковит обложени таблети.
Пред употреба прочитајте го упатството.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.