Oxybor Forte антиоксиданси

595.00ден

Oxybor® Forte го штити телото од ефектите на слободните радикали – причина за стареење, атеросклероза, стрес, депресија и други.

Состав (во 1 таблета)

проантоцианидин 20 mg,
коензим Q 10  10 mg,
селен 25 μg,
бета каротин 5 mg,
α-токоферол 10 mg,
аскорбинова киселина 80 mg,
бакар 1 mg,
цинк 7.5 mg,
магнезиум 45 mg,
манган 1.5 mg

Содржи 30 таблети.

Намена

Oxybor forte го штити организмот од дејството на слободните радикали – причина за стареење на организмот, атеросклероза, стрес, депресија, малигни заболувања, ментален и физички замор, катаракта и го подобрува видот.

Дејство

Oxybor forte е моќна комбинација од антиоксиданси, обезбедува целосна заштита на организмот против слободните радикали.

Проантоцианидин е најмоќниот познат на човештвото антиоксиданс – 50 пати поактивен од α-токоферол и 20 пати помоќен од аскорбинската киселина. Тој ја подобрува менталната способност и е единствениот антиоксиданс кој преминува низ крвно-мозочната бариера.

Коензимот Q10 е важен фактор за правилно функционирање и енергетско обезбедување на сите органи и системи во организмот, кој особено има благопријатно влијание врз васкуларните функции и циркулацијата, вклучувајќи ги и зголемениот крвен притисок и пародонтозата.

Селен, во комбинација со α-токоферол, пројавува изразено антиоксидантно дејство, активно учествува во клеточните метаболни процеси и има значење за нормален раст и репродуктивните способности. Недостатокот на селен води до нарушување на функциите на нервниот систем, до ментална ретардација и предвремено стареење.

Бета каротен е витално потребен за одржување на добро здравје. Го штити организмот од штетното влијание на слободните радикали, со што го забавува процесот на стареење. Покажува комплексно влијание врз кожата,косата, очите и непцата.

Α-токоферолот ги штити клетките од штетното влијание на слободните радикали. Го стимулира нормалното функционирање на срцето и циркулацијата, го забавува развојот на промени поврзани со процесот на стареење.

Аскорбинската киселина го помага интрацелуларното дишење. Учествува во инактивацијата на токсините, во апсорбцијата на железото и апсорпцијата на аминокиселините. Помага во процесите на регенерација на ткивото , синтезата на колагенот и го стимулира имунолошкиот систем. Нејзината употреба се зголемува нагло при стрес и инфекции.

Цинк, бакар, магнезиум и манган се основни биометали вклучени активно во функциите на организмот. Како биокатализатори, тие се неопходни за нормално функционирање на многу ензимски системи. Го засилуваат дејството на антиоксидансите.

Цинкот учествува во синтезата на аминокиселините, формирањето на колагенот, апсорбцијата на α-токоферол и регулирање на мозочните функции.

Бакарот има значење за заштита на клетките од слободните радикали, за оксидација на железото и минерализација на коските.

Магнезиумот е неопходен за апсорпцијата на калциум. Учествува во јаглехидратниот и липидниот метаболизам, мускулната контракција, невротрансмисија. Има заштитно дејство врз срцето.

Манганот игра улогата на ко-фактор во метаболизмот на липидите, протеините и јаглехидратите.

Употреба

1 таблета дневно, после јадење.

Чување

На суво место, недостапно за деца, на температура под 25 ° С.

Oxybor® е трговска марка на фирмата БОРОЛА. Производот е произведен во согласност со барањата на Добрата производна пракса. Oxybor forte е додаток во исхраната.

Начин на издавање

,

Производител

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Прв напиши оценка “Oxybor Forte антиоксиданси”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *