fbpx

OrganiCup менструална чашка + 50ml глицерински крем за раце

1,490.00ден

OrganiCup е лесна за употреба, здрава и еколошка замена за влошки и тампони.

OrganiCup е изработена од 100% медицински силикон – не содржи штетни материи, што значи дека нема да влијае врз вашата природна телесна средина. Додека влошките и тампоните ги абсорбираат потребните вагинални секрети, OrganiCup само ги собира –притоа се избегнува иритација и сувост, а  pH-балансот останува непроменет.

А бидејќи рокот за користење е дури до 10 години, со неа вие лично го правите потенцијално наголемиот придонес во заштита на животната средина.

Clear

Едноставно испразнете ја наутро и навечер – ова значи денови без никаква грижа. И ноќи се разбира.

OrganiCup се фиксира преку лесен вакуум, а поради мекиот материјал од којшто е направена нема воопшто да ја чувствувате. Штом правилно ја наместите не постои ризик од пропуштање. Користете ја  OrganiCup за сите спортски активности, вклучувајќи и пливање.

OrganiCup е сертифицирана од страна на AllergyCertified со што се гарантира дека не содржи алергени состојки и поради тоа е соодветна за осетливи мукозни мембрани.

Состав 100% медицински силикон, без никакви адитиви и хемикалии

Ја има во 2 големини:

    • Големина A: За лесна/средна менструација и/или за оние кои не раѓале
    • Големина B: За средна/обилна менструација и/или за оние кои родиле вагинално

Доколку сакате може да направите квиз за одредување на правилната големина на чашка – https://www.organicup.com/size-guide/ .

Упатство за употреба:

Пред употреба задолжително дезинфицирајте ја OrganiCup на тој начин што ќе ја држите 3-5 минути во зовриена вода. Истото треба да го направите и по завршување на циклусот за  хигиенско чување пред следната употреба.

  •     Свиткај и вметни: Пред вметнување свиткајте ја OrganiCup. Има различни техники на виткање. Вметнете ја чашката колку што е можно подлабоко и дозволете и да се одвитка.
  •      За да се осигурате дека е целосно отворена и дека се створил лесен вакуум, штипнете го дното и малку свртете го. Кога чашката е правилно отворена не би требало да ја чувствувате и со тоа нема ризик од протекување.
  •      Чашката може да ја оставите до 12 часа доколку имате нормална менструација (доколку имате пообилна менструација можеби ќе биде потребно да ја празните на секои 3-4 часа).
  •    За да ја испразните OrganiCup фатете го врвот и нежно повлечете за да го дофатите дното на чашката. Потоа лесно притиснете го дното за да се ослободи вакуумот, и потоа нежно извлечете ја чашката. Со грчење на стомачните мускули може да помогнете чашката да излезе уште полесно. Испразнете ја во тоалетот и исчистете ја со влажно марамче, тоалетна хартија или исплакнете ја со вода пред повторно да ја поставите.
     Напоменуваме дека доколку ја користите чашката прв пат можно е да бидат потребни еден до три циклуси за да се навикнете на OrganiCup. Но штом еднаш ќе се навикнете на неа и ќе се чувствувате комотно ќе се чудите зошто порано не сте почнале да ја користите.  Дури 90% од корисниците продолжуваат да ја користат OrganiCup и ја препорачуваат на други. 

 

Доколку не сте задоволни од производот истиот можете да го вратите во рок од 90 дена со наведување на причината, а средствата ќе ви бидат рефундирани. Затоа зачувајте ја фискалната сметка. 

За додатни ифнромации може да не контактирате преку телефонските броеви наведни на нашата страна, Фејсбук страна или емаил или пак може да го контактирате дистрибутерот на OrganiCup на 071 227 082.

Начин на издавање

,

Производител

Пакување

,

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Прв напиши оценка “OrganiCup менструална чашка + 50ml глицерински крем за раце”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *