Neuro-Vit таблети

255.36ден

Неуро-вит

  • Едноставно дозирање 1 на ден
  • Добро се поднесува
  • Ја зголемува ефикасноста на анлгетиците
  • Овозможува намалување на дозата на аналгетиците, а со тоа ги намалува и нивните несакани ефекти

СОСТАВ

1 филм-обложена таблета содржи:

  • 100 mg тиамин хидрохлорид (Б1)
  • 200 mg пиридоксин хидрохлорид (Б6)
  • 0,2 mg цијанокобаламин (Б12)

Витамин Б1
Важен за метаболизам на јаглехидрати, обезбедува енергија за нормално функционирање на нервите и спроведување на нервни импулси. Недостаток на Б1 доведува до појава на периферна невропатија, атрофија или мускулна слабост.

Витамин Б6
Го регулира метаболизмот на аминокиселини, липиди, сфинголипиди (основни состојки на миелинската обвивка на нервите) и невротрансмитерите (серотонин, адреналин), со што е одговорен за нормално функционирање на нервниот систем.

Витамин Б12
Учествува во метаболизмот на нуклеински киселини, липиди, сфинголипиди и миелин. Покрај ова го помага и создавањето на хемоглобин.

  • Како и другите витамини, овие витамини се есенцијални супстанции кои организмот не може сам да ги синтетизира.
  • Терапевтскиот внес на витамините Б1, Б6 и Б12 може да го надополни несоодветниот внес на витамини преку храната, а со тоа да ја обезбеди потребната количина на коензими за нормално функционирање на организмот.

ИНДИКАЦИИ

Дополнителна терапија при невритис и невралгија (невропатии), како на пример:

ТРИГЕМИНАЛНАТА НЕВРАЛГИЈА
Тригеминалната невралгија се карактеризира со епизоди на интензивна убодна болка во едната половина на лицето, по должина на една од гранките на тригеминалниот нерв.

ИНТЕРКОСТАЛНА НЕВРАЛГИЈА
Интеркостална невралгија е силна болка која се јавува по должина на интеркосталните нерви, најчесто почнува во пределот на грбот и се шири како појас кон предниот ѕид на градниот кош.

ИШИАЛГИЈА
Ишиалгија, болка со различен интензитет, која се јавува по должина на ишијадичниот нерв. Може да се јави само во лумбосакралниот дел на ‘рбетот или да се шири се до стапалото.

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА

  • Препорачана доза е 1 филм-обложена таблета, еднаш на ден. Во поединечни случаи дозата може да се зголеми на 1 филм-обложена таблета, трипати на ден.
  • Времетраењето на терапијта го одредува лекар. После период од 4 недели, лекарот треба да одлучи за големината на дозата или продолжувањето на третманот.
  • НЕУРО-ВИТ филм-обложените таблети треба да се проголтаат цели, без џвакање, со течност, во тек на оброк или после оброк.

Деца и адолесценти
Поради високата содржина на активните супстанции, НЕУРО-ВИТ филм-обложените таблети не се соодветни за примена кај деца под 12 годишна возраст.

Пакувањето содржи 10 таблети.

 

Начин на издавање

Производител

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Прв напиши оценка “Neuro-Vit таблети”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *