Аптека Хигија Фарм

Multi Essence витамини и минерали 50+

420.00ден

Една таблета содржи 13 витамини, 11 минерали и лутеин.

Состав

Една таблета содржи 13 витамини, 11 минерали и лутеин.

Фармацевтска форма

Трислојни таблети

Дејство
  • Витаминот Ц, витаминот Б1, витаминот Б2, витаминот Б6, витаминот Б12, ниацинот, пантотенската киселина, биотинот, калциумот, магнезиумот, железото, манганот, бакарот, јодот и фосфорот придонесуваат за нормално искористување на енергијата.
  • Витаминот Ц, витаминот Б2, витаминот Б6, витаминот Б12, ниацинот, пантотенската киселина, фолната киселина, магнезиумот и железото придонесуваат за намалување на заморот и на исцрпеноста.
  • Витаминот Ц, витаминот Б1, витаминот Б2, витаминот Б6, витаминот Б12, ниацинот, биотинот, магнезиумот, бакарот и јодот придонесуваат за нормално функционирање на нервниот систем
  • Витаминот Ц, витаминот Б1, витаминот Б6, витаминот Б12, ниацинот, фолната киселина, биотинот и магнезиумот придонесуваат за нормална психолошка функција.
  • Железото, јодот и цинкот придонесуваат за нормална когнитивна функција.
  • Витаминот Ц, витаминот А, витаминот Д, витаминот Б6, витаминот Б12, фолната киселина, железото, цинкот, бакарот и селенот придонесуваат за нормална функција на имуниот систем
  • Витаминот Ц, витаминот Е, витаминот Б2, цинкот, манганот, бакарот и селенот придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес.
  • Витаминот А, витаминот Б2, ниацинот и биотинот придонесуваат за одржување нормални кожа и мукозни мембрани, додека биотинот, цинкот и селенот придонесуваат за одржување нормална коса.
  • Витаминот К, витаминот Д, калциумот, магнезиумот, цинкот, манганот и фосфорот  придонесуваат за одржување нормални коски.
  • Витаминот Д, калциумот и магнезиумот придонесуваат за одржување нормална мускулна функција и нормални заби
  • Цинкот и селенот придонесуваат за одржување нормални нокти.
  • Витаминот А, витаминот Б2 и цинкот придонесуваат за одржување нормален вид.
  • Витаминот Д, витаминот Б12, фолната киселина, магнезиумот, железото и цинкот играат улога во процесот на клеточна делба.
  • Јодот и селенот придонесуваат за нормална тироидна функција.
  • Витаминот Б6, витаминот Б12 и железото придонесуваат за нормално создавање црвени крвни клетки.
  • Витаминот Ц дополнително придонесува за нормално создавање колаген, со цел нормална функција на крвните садови, коските, ’рскавицата, непцата, забите и на кожата. Исто така, ја зголемува апсорпцијата на железо.
  • Хромот придонесува за одржување нормални нивоа на гликоза во крвта
Употреба

Трислојните таблети MULTI ESSENCE Витамини и минерали за возрасни 50+, како додаток во исхраната, ги задоволуваат зголемените потреби од внесување витамини и минерали кај возрасните лица.

Дозирање и начин на примена

Една таблета дневно да се проголта со малку течност.

Пакување

Картонската кутија содржи 30 таблети (2 блистери) и упатство за употреба.

Регулаторен статус

Додаток во исхраната.

Начин на издавање

,

Производител

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Прв напиши оценка “Multi Essence витамини и минерали 50+”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *