Mucoplant сируп од бршлен

209.00ден293.00ден

Мукоплант сирупот од бршлен го раствора секретот и го олеснува искашлувањето (го помага излачувањето на секретот од дишните патишта).

Clear

Активна супстанција во 100 ml сируп: сув екстракт од лист на бршлен (Hedera helix L. folium) (4-8:1)…………..154 mgж

Картонска кутија содржи темнo стакленo шише со врат за точење, затворено со пластичен затворач на навртување, пластична одмерна чаша градуирана на 2.5, 5, 7.5, 10 и 15 ml, упатсво за пациентот. Достапни се пакувања од  100 ml, 200 ml и 250 ml. Сите големини на пакувања може да не бидат пуштени во промет.

Супстанциите содржани во екстрактот од бршлен имаат експекторирантно дејство засновано на секретолиза и муколиза. Со надразнување на парасимпатичните аферентни нервни влакна во желудникот доаѓа до рефлексна стимулација на пехарестите клетки во бронхиите. Како реултат на ова доаѓа до зголемено создавање секрет и намалување на вискозноста на слузта (секретолиза).
Од друга страна се намалува површинската напнатост на густата слуз и на тој начин истата се разредува (муколиза). Со намалување на вискозноста на слузта таа се разредува и полесно може да се искашла. Алфа хедеринот со стимулација на бета-2-адренергични рецептори во белите дробови доведува до опуштање на мускулите на бронхиите (бронхоспазмолиза).

“Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт”

 

Начин на издавање

Производител

Пакување

,

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Прв напиши оценка “Mucoplant сируп од бршлен”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *