Medical гел за дезинфекција на раце

85.00ден149.00ден

Заштитете се  ВИЕ и ВАШЕТО семејство, користете Medical гел:

  • креиран за брза дезинфекција на рацете, без вода и сапун;
  • уништува 99,9% од бактериите, причинители на гастроинтестинални и респираторни инфекции;
  • дејствува по 30 секунди од нанесувањето;
  • специјална формулација со додаток на емолиенси и мирис на Алое вера, за нежна, мека и освежена кожа.
Clear

Години наназад, етил алкохолот бил користен како ефикасно антисептично средство, во рамките на здравствената заштита, за да се избегне пренесување патогени микроорганизми. Оттаму и инспирацијата за создавање Medical гел за дезинфекција на раце, каде активната компонента ќе биде етилалкохолот.

Medical гелот содржи оптимално приспособена концентрација на алкохол кој овозможува уништување на 99, 9 % (исклучок се некои спори на бактерии) од бактериите кои се среќаваат на рацете, а се најчести причинители на гастроинтестинални и на респираторни инфекции.

Medical гелот може да се користи како додаток во одржувањето хигиена на рацете (антисептик на дланка) или како алтернатива за миење на рацете, во услови кога сапунот и водата се недостапни. Medical гелот е достапен во две форми – туба 50ml и шише со пумпа 400ml.

Доволно е мало количество од гелот да нанесте на рацете, лесно да го размачкате и да го оставите да се исуши на воздух, дезинфекцијата започнува по 30 секунди од нанесувањето.  
Medical  гелот е збогатен со емолиенси и пријатен мирис на Алое вера, па може да се користи повеќепати во текот на денот, при што кожата останува нежна, мека и освежена.
Medical гелот е прикладен за користење во: болници, ординации, училишта, градинки, хотели, ресторани, канцеларии и во јавни тоалети.

За превентива од инфекции, особено е добро Medical гeлот да го имате со вас:

  • По користење тоалет, особено јавни тоалети
  • Пред да имате контакт со храна
  • По кивање, кашлање и секнење на носот

Направени се многубројни статистики и докажано е дека луѓето кои користат гел за дезинфекција на рацете на база на алкохол, како додаток во одржувањето хигиена на рацете, 59% помалку заболуваат од гастроинестинални и од респираторни инфекции.

Начин на издавање

,

Производител

Пакување

,

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Прв напиши оценка “Medical гел за дезинфекција на раце”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *