Пакувањето содржи 100 таблети од 200 милиграми. Дневната доза од 2 таблети содржи 400мг.
Магнезиумот е четвртиот најзастапен минерал во организмот. Околу 50 % од вкупниот магнезиум во организмот се наоѓа во коските. Другата половина се наоѓа претежно во клетките на ткивата и органите, со само 1 % кој се наоѓа во крвта.
- Придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста
- Придонесува за електролитна рамнотежа
- Придонесува за нормален енергетски метаболизам
- Придонесува за нормално функционирање на нервниот систем
- Придонесува за нормална мускулна функција
- Придонесува за нормална синтеза на протеини
- Придонесува за нормална ментална функција
- Придонесува за одржување на здрави коски
- Придонесува за одржување на здрави заби
- Вегетеријански/Веган производ. Без ГМО.
Препорака за употреба: Како додаток во исхраната земете 2 таблети дневно со храна.
Други додатоци: целулоза, стеаринска киселина (растителен извор), Croscarmellose натриум, магнезиум стеарат (растителен извор) и растителна обвивка. Не е произведено со квасец, пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени. Природни варијации на бојата може да се случат кај овој производ.
Предупредување: Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови или имате некаква медицинска состојба. Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.