Linex junior против пролив и надуеност кај новороденчиња и деца

370.00ден

Млечнокиселинските бактерии се нормално присутни во тенкото и во дебелото црево. Тие ја одржуваат кисело-базната рамнотежа, која е неопходна за нормална работа на ензимите за варење на храната, имунолошкиот систем и на перисталтиката на цревата. Освен тоа, тие го оневозможуваат прекумерниот развој на штетните бактерии. Редовната употреба на млечнокиселински бактерии ефективно ја намалува честотата и сериозноста на благите до умерени дигестивни симптоми (главно пролив).

Линекс Јуниор е пробиотик кој содржи млечнокиселински бактерии (Bifidobacterium animalis subsp. lactis, CHR.HANSEN  BB-12TM), кои се вклучени во воспоставувањето и одржувањето на рамнотежата и функцијата на цревната микрофлора, пред сè, кај новороденчиња и деца.

Содржина на пакувањето: кутија со 10 ќесички со 1,5 g прашок за перорална суспензија.

Една ќесичка прашок за перорална суспензија содржи не помалку од 1х109 CFU лиофилизирани млечнокиселински бактерии Bifidobacterium animalis subsp. lactis, CHR.HANSEN  BB-12TM.

Линекс Јуниор е наменет да се употребува кај новороденчиња и деца на возраст до 12 години:

  • за воспоставување и одржување на рамнотежата и функцијата на цревната микрофлора,
  • како превентивен и дополнителен третман при пролив, надуеност и други стомачни нарушувања предизвикани од:
  • вирусни и бактериски желудочно-цревни инфекции (на пример, ротавирус-инфекции);
  • лекување со антибактериски лекови (антибиотици и други синтетички антибактериски лекови).

Дозирање и времетраење на употреба:

Новороденчиња и деца до две години: една ќесичка еднаш на ден.

Деца од две до 12 години: една ќесичка еднаш до два пати на ден (на пример, наутро и навечер).

Пред употреба прочитаjте го упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите деjства на лекот консултираjте се со Вашиот лекар или фармацевт.

Начин на издавање

Производител

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Прв напиши оценка “Linex junior против пролив и надуеност кај новороденчиња и деца”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *