Linex тврди капсули против пролив и надуеност

249.00ден

Линекс капсулите се употребуваат за превенција и дополнително лекување на пролив, метеоризам (надуеност) и други стомачни пореметувања, кои настануваат поради нарушување на рамнотежата на цревната микрофлора.

Една тврда капсула содржи не помалку од 1,2 x 107 CFU живи лиофилизирани млечнокиселински бактерии:

  • Lactobacillus acidophilus (sp. L. gasseri);
  • Bifidobacterium infantis;
  • Enterococcus faecium.

Линекс е пробиотик, што значи дека содржи млечно-киселински бактерии кои во соодветна количина го подобруваат здравјето. Линекс содржи три вида на лиофилизирани млечно-киселински бактерии кои ја регулираат физиолошката рамнотежа на цревната микрофлора и се отпорни на одредени антибиотици и хемотерапевтици.

Млечно-киселинските бактерии се нормално присутни во тенкото и во дебелото црево. Тие ја одржуваат кисело-базната рамнотежа која е неопходна за нормална работа на ензимите за варење на храната, имунолошкиот систем и перисталтиката на цревата. Кога нема доволен број на млечно-киселински бактерии се нарушува рамнотежата на нормалната цревна бактериска флора, што резултира со различни дигестивни пореметувања.

Линекс капсулите содржат лиофилизирани (исушени на ниска температура) млечно-киселински бактерии. Ова овозможува чување на лекот на собна температура без промена на формата или активноста на бактериите.

Линекс капсулите се употребуваат за превенција и дополнително лекување на пролив, метеоризам (надуеност) и други стомачни пореметувања, кои настануваат поради нарушување на рамнотежата на цревната микрофлора.

Такви состојби се:

  • бактериски и вирусни желудечноцревни инфекции кај новороденчиња, деца и возрасни (на пр. ротавирус инфекции, пролив кој се јавува при патување);
  • лекување со антибиотици со широк спектар и хемотерапевтици;
  • зрачење на абдоминалните и карличните органи.

Употребата на млечно-киселинските бактерии ефективно ја намалува честотата и сериозноста на благите до умерени дигестивни симптоми (главно пролив), кои настануваат поради нарушување на нормалната цревна микрофлора и ја одржува нормалната цревна перисталтика.

 Како да се употребува Линекс

  • Линекс треба да се земе перорално (преку уста).
  • Линекс треба да го земате за време на јадење за да ги избегнете штетните ефекти на желудочниот сок врз млечно-киселинските бактерии.
  • Не треба да го земате Линекс истовремено со алкохол или топли напитоци.
  • Доколку го давате Линекс на дете кое не може или не знае како да ја голтне капсулата, отворете ја капсулата, испразнете ја содржината на капсулата во една лажица и помешајте ја со малку течност.
  • Линекс капсулите најмалку 3 часа после земање на антибиотици

Вообичаено дозирање и времетраење на лекувањето:

Новороденчиња и деца до 2 години: една капсула три пати на ден (на пример наутро, напладне и навечер).

Деца на возраст од 2 до 12 години: една до две капсули три пати на ден (на пример наутро, напладне и навечер).

Возрасни и деца над 12 години: две капсули три пати на ден (на пример наутро, напладне и навечер).

Лекот може да се зема се додека симптомите не се подобрат. При самолекување на пролив прва и најзначајна мерка е да се надополни изгубената течност и електролити.

Начин на издавање

,

Производител

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Прв напиши оценка “Linex тврди капсули против пролив и надуеност”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *