Што содржи Imunobor Kids?
Содржи два комплементарни природни производот кои се однесуваат на имунитетот. Секоја капсула содржи висококвалитетни стандардизирани екстракти на ехинацеа 40mg и бета-глукан 150mg. Стандардизираниот екстракт на ехинацеа содржи еднакво количество ехинацеа пурпура и ехинацеа палида за постигнување на целосен ефект. Процесот на стандардизација гарантира чистота и ефективност на секоја капсула.
Како дејствува Imunobor Kids?
Imunobor Kids има имуностимулирачки и анти-инфламаторен ефект. Го штити организмот од бактериски, вирусни и други инфекции. Се смета дека состојките на Imunobor Kids го имаат следниов механизам на дејство:
- Стимулираат производство на имунолошки тела, клетки и супстанции кои имаат значење за имунолошкиот систем
- Ја зајакнуваат активноста на имуните клетки и нивната способност да убиваат бактерии и други микроорганизми
- Вршат директен антимикробен ефект врз голем број микроорганизми
- Ја зголемуваат локалната имунолошка заштита на слузокожата на бронхијалниот, цревниот и урогениталниот системи
- Поседуваат анти-инфламаторен ефект
- Имаат протективен ефект врз колагенот и стимулираат зараснување на рани
Кога да употребуваме Imunobor Kids?
Се употребува за зајакнување на имунолошкиот систем на деца кај:
- Склоност кон често боледување
- Вирусни, бактериски, габични и други инфекции
- Акутни и хронични заболувања на респираторниот систем – грип “, настинки”, бронхитис, синузитис, тонзилофарингитис, стоматитис, воспаленија и др.
- бактериско носителство
- Акутни и хронични yроинфекции – циститис, пиелонефрит
- За време и по антибиотска терапија
- Зараснување на рани и изгореници
- Како општо закрепнувачко и тонизирачко средство при хроничен замор
Како се употребува Imunobor Kids?
Во првите 10 дена се зема 3 пати по 1 капсула дневно на гладно, а потоа од 1 до 2 капсули дневно. Кај деца од 1-6 година по 1 капсула дневно. Еден циклус на прием е 12 недели. При потреба од подолга употреба се прави еднонеделна пауза помеѓу циклусите. Imunobor Kids се зема за време на боледување и во закрепнувачки период. Бидејќи е компатибилен со антибиотиците и лековите за симптоматски третман, по потреба може да се препишува заедно со нив.
Дали има интеракција со други лекови?
Бета глукан дејствува поволно со голем број на антибиотици и ја зголемува нивната ефикасност.
Дали има несакани ефекти?
Imunobor Kids e природен производ и е практично безопасен. Не се забележани несакани ефекти.
Кои се научните докази во поддршка на производот?
Активностите на состојките на Imunobor Kids се истражени во однос на имуностимулирачкиот, антиинфламаторниот и други ефекти. Експерименталните и клиничките студии потврдуваат дека Imunobor Kids го стимулира специфичниот и неспецифичниот имун одговор. Тој ја намалува инциденцата и тежината на акутните инфекции на дишните патишта, урогениталниот систем и други. Препаратот го скратува времетраењето на акутниот период и ја намалува потребата од дополнителна терапија.
Imunobor® е трговска марка на БОРОЛА. Продуктот е произведен во САД во согласност со барањата на Добрата производна пракса. Imunobor Kids е додаток во исхраната. Чувајте го на суво, недостапно за деца место на температура под 30˚С.
Зошто некои деца имаат склоност кон чести инфекции?
Инфекциите се причина за најголемиот морбидитет во детството и се една од главните причини за смртност во светот. Најчесто педијатриските консултации се поврзани со инфекции на респираторниот, урогенеталниот и други системи. Затоа секоја година се испишуваат милиони рецепти за антибиотска терапија. Ненавремено и несоодветно лекување, како и злоупотреба на антибиотици, доведуваат до ризик од развој на отпорност, секундарна имунодефициенција и хронифицирање на болестите со онеспособеност на пациентите.
Подложени сме постојано на дејството на различни патогени – вируси, бактерии, габи. Стресот, уморот, траумите, лошата исхрана и други фактори можат да доведат до слабеење на имунолошкиот систем. Тогаш организмот станува подложен на инфекции. Ова може да доведе до акутни и хронични заболувања на респираторниот систем – грип “, настинки”, бронхитис, синузитис, тонзилофарингитис, стоматитис, воспаление, бактериско носителство и др. Инфекциите се одвиваат тешко и долготрајно и организмот се опоравува побавно. Ослабнатиот имунолошки систем исто така е предуслов за бројни компликации кај болести, затоа што организмот не може да се избори со причинителот. Во принцип детскиот организам е подложен на инфекции, бидејќи имунолошкиот систем е сеуште незрел.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.