fbpx

Forvita Avirex Forte таблети

445.00ден

ШТО ПРЕТСТАВУВА ФОРВИТА® АВИРЕКС ФОРТЕ  И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА

ФОРВИТА® АВИРЕКС ФОРТЕ, граничниот производ содржи Витамин Д, Цинк и Витамин Б12.

Витаминот Д е липосолубилен витамин кој се создава во организмот со изложување на ултравиолетови (УВ) зраци од сончевата светлина, со внесување во организмот преку одредени видови на храна во форма на  витамин D3 (Cholecalciferol) или витамин D2 (Ergocalciferol),  како и со додатоци на исхраната.

Основна физиолошка функција на витаминот Д е одржување на серумските концентрации на калциум и фосфор на ниво кое ги поддржува клеточните процеси, невромускулната функција и формирањето на коските, со што витаминот Д има важна улога во растот и развојот, нормалната минерализација и одржувањето на коските и забите. Исто така, витаминот Д е значаен за нормалната функција на мускулите. Овој витамин има важна функција во регулирањето на делбата и диференцијацијата на клетките.

Витаминот Д има важна улога во регулирањето на функционирањето на имуниот систем и имуниот одговор при воспалителни процеси.

Особено важно е да се обрне внимание на соодветен внес на витамин Д во периодите од годината кога е намалена изложеноста на УВ зраците и сончевите периоди кои се важни за создавање на витамин Д во организмот. Исто така, соодветно внесување на овој витамин е важно кај деца во период на раст и развој.

Витаминот Д е значаен и за постарите лица, кај кои овој витамин може да го намали ризикот од паѓање, а со тоа и ризикот за фрактури на коските.

Цинкот е есенцијален олигоелемент, кој треба да се внесува со храна или со користење производи кои содржат цинк, со оглед на тоа што не се создава ниту се складира во телото.

Цинкот е  неопходно потребен за правилен раст и развој, за низа метаболни процеси на протеините, јаглените хидрати и липидите, за синтезата на ДНК и клеточната делба, како и за заштита од оксидативен стрес и за низа други биолошки реакции.

Цинкот е неопходен за функционирањето на имуниот систем. При недостиг на цинк организмот е поподложен на инфекции и затоа со додавање на цинк од храна или додатоци на исхрана може да се подобри имуниот одговор кон бактериски и вирусни инфекции. Покрај тоа, цинкот е многу е важен  за одржување на видот, структурата на кожата, косата и ноктите, за репродуктивниот развој, мозочните функции, како и за многу други процеси во организмот.

Адекватно внесување на цинк е посебно важно кај вегетаријанци, вегани и лица со животен стил кој вклучува консумирање на поголема количина на житарки, мешунки и слична храна која содржи фитати – соединенија кои ја намалуваат апсорпцијата на цинкот.

Поради зголемени дневни потреби за цинк кај деца, бремени жени и доилки, треба да се обрне посебно внимание на неговиот внес.

Витаминот Б12  е есенцијален витамин кој е растворлив во вода и кој во природата е присутен само во храна од животинско потекло и исто како и цинкот, треба да се внесува со храна или со користење производи кои содржат витамин Б12.

Овој витамин е кофактор на два важни ензими  неопходни за анаболните и катаболните процеси во организмот и има клучна улога во синтезата на ДНК, липидите и протеините, во клеточната делба, формирањето на еритроцитите и во миелинизацијата на нервните клетки.

Витаминот Б12 покрај тоа, е неопходен за одржување на нормалното ниво на хомоцистеинот во крвта, а со тоа и на структурата и функцијата на нервниот систем, особено за одржување на когнитивните функции (како концентрација, учење, меморија, резонирање), намалување на ризикот за нивно опаѓање со стареење и појава на Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест, како и  деменција. Нормалното ниво на хомоцистеинот е поврзано и со намален ризик од кардиоваскуларни и невроваскуларни болести, нарушување на функцијата на бубрезите, како и со можен намален ризик за појава на карцином.

Посебно внимание последниве години се посветува на проучување на неговата улога како имуномодулатор на целуларниот  имунитет, пред сè во зголемување на бројот на CD8+ или NK клетките, кои се важни за уништување на канцер клетките.

Генерално, витаминот Б12 има важна улога во растот и одржувањето на здравјето на организмот, во сите фази на животот.

Ниското ниво на витаминот Б12 кај трудници е  поврзан со зголемен ризик од дефекти на невралната туба. Одредени популациски групи со посебен животен стил на пример вегани и вегетаријанци, се изложени на ризик од недостаток на витамин Б12 поради отсуство на витамин Б12 во нивната исхрана. Кај 10-30 % од постарите лица, како и лицата со одредени болести  има намалена апсорпција на витамин Б12.

За овие популациски групи се препорачува суплементација на витаминот Б12 за  подобро општо здравје.

Најновите студии укажуваат на можни позитивни ефекти од примената на витамин Д и витамин Б12 при SARS-CoV-2 инфекција.

Имено, витаминот Д ја поддржува функцијата на имуниот систем преку модулирање на воспалителниот одговор кон вирусни инфекции. Витаминот Д има имуномодулаторно влијание и на вродениот и на стекнатиот имунитет: ја  модулира пролиферацијата, инхибицијата и диференцијацијата на Т и Б лимфоцитите, и е поврзан со намалување на нивото на про-воспалителните цитокини. Во таа смисла, студиите укажуваат на тоа дека пониски серумски нивоа на витаминот Д се независен ризик фактор за SARS-CoV-2 инфекција, а истовремено нивото на витаминот Д е поврзано со тежината на симптомите на инфекцијата.

Нивото на витаминот Б12 е исто така, поврзано со тежината на  симптомите на SARS-CoV-2 инфекцијата, преку следниве проучувани механизми: намалување на оксидативниот стрес, подобрување на циркулацијата (со намалување на нивото на хомоцистеинот кој ја нарушува микроциркулацијата на кардиоваскуларниот систем, нервниот систем и бубрезите) и со противвоспалителното дејство.


За што се употребува  граничниот производ ФОРВИТА®АВИРЕКС ФОРТЕ

Витаминот ДЦинкот и Витаминот Б12 од  ФОРВИТА® АВИРЕКС ФОРТЕ  придонесувааат за:

  • Одржување на нормална функција на имуниот систем и соодветен одговор при воспалителни процеси;
  • Нормална клеточна делба и заштита на клетките од оксидативен стрес;
  • Нормално формирање на еритроцити;
  • Нормални психолошки и невролошки функции;
  • Нормален метаболизам на хомоцистеинот;
  • Нормален енергетски метаболизам;
  • Нормална апсорпција и искористување на калциум и фосфор, како и одржување на нормални концентрации на калциум во крвта;
  • Одржување на здрави коски и заби;
  • Одржување на нормална мускулна функција;
  • Одржување на нормалната плодност и репродукција кај жените и мажите во репродуктивниот период;
  • Намалување на слабост и замор;
  • Одржување на нормален вид;
  • Одржување на здравa кожа;
  • Одржување на здравa коса;
  • Одржување на здрави нокти.

ФОРВИТА® АВИРЕКС ФОРТЕ, исто така, може да го намали ризикот од паѓање, што е ризик фактор за фрактури на коските.

ФОРВИТА®АВИРЕКС ФОРТЕ  не претставува замена за стандардната пропишана терапија.


ПОДАТОЦИ ЗА ПРАВИЛНА УПОТРЕБА

ФОРВИТА® АВИРЕКС ФОРТЕ  капсулите се наменети само за перорална употреба.


Начин на употреба:

Возрасни над 18 години: Eдна капсула ФОРВИТА® АВИРЕКС ФОРТЕ  дневно.

Храната не влијае на употребата на ФОРВИТА® АВИРЕКС ФОРТЕ.

Да не се надминува препорачаната дневна доза.

По препорака на лекар дозата може да се зголеми.

ФОРВИТА® АВИРЕКС ФОРТЕ не содржи глутен и лактоза.

Може да го употребуваат лица на вегетаријанска и/или веганска исхрана.

ФОРВИТА® АВИРЕКС ФОРТЕ  може да го употребуваат лица со дијабетес.


ПОДАТОЦИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ЗНААТ ПРЕД УПОТРЕБА

ФОРВИТА® АВИРЕКС ФОРТЕ не треба да се употребува при пречувствителност на било која состојка на ФОРВИТА® АВИРЕКС ФОРТЕ.

Пред употреба на ФОРВИТА® АВИРЕКС ФОРТЕ потребна е консултација со лекар или фармацевт.


СОСТАВ

Една капсула содржи содржи 4000 IU (еквивалентно на 100 μg) Витамин D3 (Cholecalciferol), 25 mg Zinc (во форма на Zinc gluconate) и 100 μg Витамин Б12 (Cyanocobalamin).


ПАКУВАЊЕ

Кутија со 60 капсули во пластичен контејнер со пластично капаче безбедно за деца и внатрешно упатство.

Начин на издавање

,

Производител

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Прв напиши оценка “Forvita Avirex Forte таблети”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *