Се препорачува при:
- зголемена телесна активност (активен и рекреативен спорт)
- недоволно искористување на храната (стари луѓе, пушачи, алкохоличари)
- состојби на неадекватна, нередовна и еднолична исхрана (диети, гладување, сува храна)
- состојби на зголемено губење на минерали (повраќање, проливи, интензивни менструации, силно потење)
- за подобрување на растот и апетитот
Витамините учествуваат во регулирање на низа биохемиски процеси во организмот. Витамините од групата Б (тиамин, рибофлавин, пиридоксин, пантотенска киселина и никотинамид) учествуваат во метаболизмот на јаглените хидрати, протеините и мастите, како и во работата на нервниот систем. За правилен развој на епителните клетки и синтеза на очниот пигмент потребен е витаминот А.
Витаминот Д го регулира искористувањето на калциумот и овозможува правилна минерализација на коските и забите. Витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железото и учествува во многу оксидо-редуктивни процеси во организмот. Витаминот Е е антиоксиданс кој ја штити клеточната мембрана и ја одржува нејзината функционална способност.
Содржи 30 капсули.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.