Folivit Fero капсули

335.00ден

Ефикасна комбинација од Фолна киселина, Железо и Витамин Б12 во уникатна солукапс форма со благопријатен ефект врз хематопоезата. Новата солукапс форма е создадена да овозможи брза и целосна апсорпција на активните состојки.

Дејство

Состојките на Фоливит Феро делувајќи заедно го помагаат формирањето на крвта.

Железото е неопходно за создавање на Хемоглобин-пигмент кој пренесува кислород. Недостигот на железо може да го поремети создавањето на еритроцитите и клеточното дишење. Железото е составен дел на многу ензими и е неопходно за правилно функционирање на целиот организам.

Витамин Б12 и фолната киселина заедно се неопходни за создавањето на ДНК и РНК. Поради тоа тие се важни за процесот на делба на клетките и пренесување на генетскиот код на сите новоформирани клетки. Исто така се важни и за формирањето на црвените крвни клетки. Кај жените фолната киселина е пресудна за затворањето на невралната туба на фетусот за време на бременост.

Употреба

Фоливит феро специјално се препорачува кај:

  • дефицитна анемија
  • бремени и доилки
  • жени со обилна менструација
  • после крварење и крводарителство
  • деца и адолесценти во период на брз раст
  • лица на диета сиромашна со животински продукти
  • Hyperhomocysteinemia

Дозирање

1 солукапс дневно после јадење.
Пакувањето содржи 30 капсули.

Folivit® е трговска марка на фирмата БОРОЛА. Продуктот е произведен во согласност со барањата за Добра производна пракса. Folivit Fero е додаток на исхраната.

Начин на издавање

,

Производител

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Прв напиши оценка “Folivit Fero капсули”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *