Feminorm

410.00ден

Природен производ, природна алтернатива на хормонска супституциона терапија за надминување на пречките при менопауза.

Што е Feminorm?

Природен производ, природна алтернатива на хормонска супституциона терапија за надминување на пречките при менопауза.

Што содржи Feminorm?

Активните состојки на Feminorm се природни фитоестрогени. Секоја капсула содржи 250mg стандардизиран екстракт од Trifolium pretense (посебен вид црвена детелина), што одговара на 20 mg изофлавони, со најмоќниот естрогено- сличен ефект – генистеин, дајдзеин, биоканин и формононетин. Процесот на стандардизација гарантира чистота и ефективност на секоја капсула.

Како дејствува Feminorm?

Feminorm содржи фитоестрогени, структурно и функционално слични на женските полови хормони. Тие се поврзуваат селективно со естрогенски рецептори и ја стимулираат нивната активност, без да се потисне производството на естрогени во организмот. Тоа доведува до обновување на хормоналниот баланс и отстранување на менопаузалните пореметувања.

Feminorm ја зголемува коскената густина, спречува губење на коскената маса и штити од остеопороза. Производот ја подобрува еластичноста на крвните садови, го намалува холестеролот и штити од кардиоваскуларни компликации.

Кога да употребуваме Feminorm?

Feminorm има поволен ефект кај:

  • Совладување на менопаузални тегоби
  • Намалување на ризикот од остеопороза и кардиоваскуларни компликации при менопауза
  • Спречување атрофични промени на кожата и слузокожата при менопаузата
  • Оперативно отстранување на јајниците
  • Предменструалните невровегетативни и ментални нарушувања
  • Пречки во менструалниот циклус на девојките

Како да употребуваме Feminorm?

Два пати дневно по 1 капсула после јадење, по потреба 3 пати по 1 капсула. Против остеопороза дополнително Osteobor Forte 1 капсула дневно.

На која возраст се започнува со земање на Feminorm?

Препорачуваме да започнете земање кога ќе почувствувате нарушувања во хормоналниот баланс на организмот. Обично оваа промена е по 35-годишна возраст, но промените се многу индивидуални.

После колку време да го очекувате ефектот?

Дејството не настанува веднаш. Оптималниот рок за резултати е различен за секоја жена. Кај Feminorm обично се потребни 4 недели за посакуваниот ефект.

Какви се научните докази во поткрепа на Feminorm ?

За дејството на двата производа е направена  студија кај илјадници жени од целиот свет. Истражувањата покажуваат дека менопаузалните тегоби се намалуваат во 70% од случаите, со 49% се намалува загубата на коскената маса и со 20%, се намалува ризикот од срцеви заболувања.

Дали има несакани ефекти од Feminorm?

Feminorm е безопасен. Не се забележани несакани ефекти, дури и при долготрајна примена.

Кој не треба да употребува Feminorm?

Да не се употребуваат за време на бременост, доење и кај мали деца.

Зошто Feminorm и Feminorm Duo се посебни?

Feminorm кој содржи четири изофлавони (сите неопходни) е најкомплетниот извор на фитоестрогени. За разлика од него, сојата и другите фитоестрогени содржат само два изофлавони. Научните податоци докажуваат дека за да има полн ефект треба да се примаат четирите изофлавони заедно.

Feminorm® e заштитен знак на фирмата БОРОЛА. Производот е произведен во согласност со највисоките барања на Добрата производна пракса. Да се ​​чува на суво и недостапно за деца место, на температура под 25˚С. Feminorm е додаток во исхраната.

МЕНОПАУЗА

Што претставува климактериумот?

Критична возраст и е еден природен период во животот на жената. Тој е индивидуален и се одвива општо во интервалот од 40-60 години. Ова се должи најмногу на намалената функција на јајниците и намаленото ниво на женските хормони (естрогени). Тоа доведува до голем број на промени во организмот на жената и субјективни тегоби.

Кои се фазите на климактериумот?

Климактериумот претставува транзиција од репродуктивна кон напредната возраст и поминува низ 3 фази:

  • Пременопаузата – се карактеризира со различни по степен пореметувања во менструалниот циклус. Тие се должат на неправилното и постепено намалување на функцијата на јајниците.
  • Фаза на Реал менопауза – кога во текот на една година недостасува менструален циклус. Тоа покажува дека се случило конечното прекинување на можноста за настанување на бременост. Во оваа фаза физичките и психолошките нарушувања се најсилно изразени. Обично таа настанува околу 51-годишна возраст.
  • По менопауза – кога организмот е веќе приспособен кон новата состојба

Кои се симптомите на менопаузата?

Непријатните симптоми се јавуваат кај 85% од жените во менопауза. Обично оваа состојба трае околу 5 години. Најчестите тегоби се: топли бранови, потење, раздразливост, анксиозност, несоница и понекогаш депресија. Дебелината е синдром поврзан со менопаузата и е непријатен проблем за жената . Може да се појави сексуално нарушување (намалување на либидото и болки при сексуален однос) и неконтролирано испуштање на урина. Многу често овие тегоби се истакнати до таков степен што водат до суштинско влошување на квалитетот на животот на жената.

Кои се трајните последици од менопаузата, ако не се превенира?

  • развојот на остеопороза, со што се намалува цврстината на коските и се зголемува нивната кршливост
  • зголемувањето на нивото на холестеролот во крвта доведува до висок ризик од атеросклероза и кардиоваскуларни компликации
  • атрофијата и сушењето на кожата и мукозните мембрани, не е само естетски проблем, тој често води до склоност кон повреди и инфекции.

Има ли решение за проблемот менопауза?

Медицината е напредната доволно за да понуди решение за овој проблем. Постојат два избора – хормонска супституциона терапија (ХСТ) со синтетски хормони или природни производи (фитоестрогени), кои личат на женските полови хормони.

Кои се предностите и недостатоците на хормонска-супституциона  терапија?

Синтетичките хормони успешно ги спречуваат менопаузалните пореметувања, но имаат голем број на контраиндикации и кријат голем број на ризици како рак на дојка, срцеви заболувања, тромбоемболиски компликации и други.

Зошто се повеќе жени во светот преферираат природни производи?

По објавувањето на резултатите од големи меѓународни студии (2002) дека ХСТ го зголемува ризикот од рак на дојка, срцеви и други компликации, специјалистите бараат разумна алтернатива. Фитоестрогените како Feminorm поседуваат ефикасност како естрогени, а исто така немаат контраиндикации и несакани ефекти. Токму затоа се почесто жените во менопауза и лекарите преферираат употреба на препарати на природна основа.

Корисни совети за полесно надминување на менопаузата

  • Хранете се здраво со храна богата со калциум и витамини
  • Не претерувајте со алкохол, кафе и газирани пијалаци
  • Избегнувајте пушење
  • Движете се активно
  • Започнете профилактика навреме (35-40 год. Возраст)
  • Конзумирајте Feminorm и Osteobor Forte редовно.
Начин на издавање

,

Производител

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Прв напиши оценка “Feminorm”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *