Следењето на пациентот на дадените упатства како да ја прима својата терапија, познато уште како комплианца, има огромна улога при постинување на посакуваниот ефект на самата терапија. Несоодветното придржување кон неа произлегува од неколку различни фактори меѓу кои спаѓа и заборавањето да се земе одредена таблета. Така се зголемува ризикот за појава на компликации на хроничите болести, но се зголемуваат и здравствените трошоци. Според повеќе студии субоптимално следење на претпишаната терапија е забележано кај повеќе од 50% од хроничните пациенти.
Докажано е дека кутиите за организирање на таблетите имаат позитивен ефект врз комплианцата на пациентите. Со други зборови, користењето на кутија за лекови придонесува кон правилно придржување до препишаните дози, лекарства и редовното примање на истите. Тие можат да бидат особено ефикасни за лекови кои треба да се консумираат во различно време од денот бидејќи пациентите не треба да носат одлуки за тоа кои лекови им се потребни во тој момент. Додатно, пациентите не треба да отвораат повеќе пакувања на лекови секој пат кога треба да ја примат својата терапија затоа што веќе претходно правилно ја распоредиле.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.