fbpx

Dermedic Linum emolient заштитен крем за лице

470.00ден

Linum Emolient Заштитен липиден крем е специјализиран производ формулиран за нега на претерано сува, атопична и кожа склона кон алергии, исто така со симптоми на псоријаза, особено за време на есен и зима. Формира заштитна липидна бариера – Сензилин, Шеа путер и Ленено масло богато со омега киселини, ефикасно го ограничуваат негативното влијание на ветерот и мразот.

Кремот ја зајакнува кожата и го намалува чувството на чешање на сувата кожа – Сензилинот и Лененото масло ја зајакнуваат епидермалната липидна бариера со што ефикасно го намалуваат чешањето и преосетливоста на клетките на кожата од надразнувачи.

Смирува и Регенерира – Алантоин и Д-Пантенол ги елиминираат микроповредите и пукањето на епидермисот. Дополнително, овие состојки ги намалуваат воспалителните процеси и спречуваат иритација на епидермисот.

Оптималниот состав на активни состојки обезбедува соодветна навлажнување на кожата и спречува транспидермална загуба на вода (TEWL). Кожата ја враќа еластичноста и цврстината. Може да се користи од 3-годишна возраст.

СЕ ПРЕПОРАЧУВА ЗА: секојдневна нега на многу сува, атопична и алергична кожа склона, исто така погодно во случај на егзема, псоријаза или пруритус. Особено се препорачува за кожа склона кон егзема од различно потекло, вклучително и атопична кожа.

Упатство за употреба: Нежно нанесете на исчистената кожа на лицето, оставете додека не се апсорбира. Се препорачува да се повтори апликацијата неколку пати во текот на денот.

КЛИНИЧКИ ИСПИТАНО
Пакување- 50мл.

Начин на издавање

,

Производител

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Прв напиши оценка “Dermedic Linum emolient заштитен крем за лице”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *