CicalinumTM, патентиран комплекс, го враќа физиолошкиот баланс на микробиомот на кожата и смирува 6 симптоми на атопична кожа: пруритус, иритација, затегнатост, сувост, црвенило и грубост.
Благодарение на уникатната комбинација на глицерин и липидни активни состојки, кремот за тело ја обновува оптималната рамнотежа на меѓуклеточните липиди. Понатаму, ја враќа правилната кохезивност на епидермалната хидролипидна бариера, ефикасно санирајќи ги бариералните слоеви кои штитат од надворешни надразнувачи. Кремот за тело ефикасно спречува микроорганизмите или алергените да пенетрираат низ епидермисот, со што се спречуваат воспаленија на кожата и иритации.
Витаминот Е и Какао путерот го смируваат воспалението и ги регенерираат микроповредите.
Производот го реплицира физиолошкото ниво на хидратација во кожата, ја намалува трансепидермалната загуба на вода (TEWL) и интензивно ја подмачкува кожата. Кремот го регенерира и храни епидермисот, исто така ги минимизира симптомите на атопичен дерматит, како и, го намалува ризикот од повторна појава.
СЕ ПРЕПОРАЧУВА ЗА: интензивно навлажнување и подмачкување при хронично сува, многу сува и атопична кожа, исто така погоден во случај на егзема, псоријаза или пруритус.
Упатство за употреба: нанесете тенок слој рамномерно на кожата, оставете да се апсорбира. Погоден како посебна грижа за рацете, стапалата, лактите, глуждовите или колената.
КЛИНИЧКИ ТЕСТИРАНO
Оценки
Сѐ уште нема оценки.