Состав
carbocisteine 375 mg
Фармацевтска форма
kапсули, тврди
Индикации
Bronles® припаѓа на групата лекови наречени муколитици. Тој ја намалува лепливоста и густината на слузта, така што го олеснува нејзиното искашлување. Се употребува при:
- заболувања на респираторниот систем проследени со обилна и со вискозна слуз;
- воспаление на средното уво и на синусите;
- во дијагностички цели како средство за подготовка при бронхоскопија,
- бронхографија, бронхоаспирација итн.
Пакување
Картонска кутија со 30 капсули, спакувани во блистери и упатство за пациентот.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.