Betadine раствор за гаргара

145.00ден

Бетадине растворот за гаргара се користи за превенција и терапија на инфекции во усната празнина (од вируси, бактерии и габи), како профилакса при хируршки зафати на забите и вилиците и за отстранување на непријатната миризба од устата.

СОСТАВ

povidone-iodine : 1 %

ФАРМАЦЕВТСКА ФОРМА

раствор за гаргара

ДЕЈСТВО

Бетадине растворот за плакнење уста и грло како активен принцип содржи повидон-јод, комплексно соединение на поливинил пиролидонот и јод. Овој комплекс претставува јодофор, кадешто поливинил пиролидонот служи како пренесувач на јодот и ја овозможува неговата растворливост во вода. Во допир со слузокожата, јодот полека се ослободува од комплексот и дејствува како антисептик, односно дезинфициенс кон бактериите, вирусите, габите, протозоите и кон спорите. Бетадине растворот дејствува и како дезодоранс, отстранувајќи ја непријатната миризба од устата што може да потекнува од храна, алкохолни пијалаци, тутун и др.

ИНДИКАЦИИ

Профилакса и терапија на инфекции во букофарингеалната празнина предизвикани од бактерии, вируси и габи (гингивитис, стоматитис, афти, инфицирани улцерации или херпетични улцерации);
Профилакса на инфекции при хируршки зафати на забите и на вилиците;
Отстранување на непријатната миризба од устата.

ПАКУВАЊЕ

100 ml раствор

РЕГУЛАТОРЕН СТАТУС

ОТЦ

Начин на издавање

,

Производител

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Прв напиши оценка “Betadine раствор за гаргара”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *