Baby Vit капки

795.00ден

За да пораснат здрави и силни, освен избалансирана исхрана,  на бебињата им е потребен широк спектар на витамини и минерали. Секојдневното земање на Baby Vit капките како додаток на исхраната, овозможува подобар имунитет и ја зголемува отпорноста на детето од вирусни и бактериски инфекции, обезбедува сила, енергија, како и подобар ментален развој.

BabyVit капките содржат:

  • Витaмин А – го стимулира и одржува имунитетот, учествува во правилниот развој на коските, го стимулира лачењето на хормонот на раст
  • Витамин Д –овозможува ресорпција и депонирање на калциумот во коските а со тоа овозможува истите да бидат здрави и цврсти.
  • Витамин Ц – го подобрува имунитетот, штити од вирусни инфекции, стимулира синтеза на колаген и помага во заздравување на рани.
  • Витамин Е – претставува моќен антиоксидант и ја штити клетката од слободни радикали, воедно го подобрува и метаболизмот.
  • Тиамин (Б1) – го одржува здравјето на нервите и ја потпомага нивната регенерација.
  • Рибофлавин (Б2) – го потпомага метаболизмот на јаглехидратите, мастите и протеините со цел ослободување енергија.
  • Никотинамид (Б3) – заедно со Б1 и Б2 го потпомага метаболизмот на јагленитехидрати.
  • Витамин Б6 – помага да се преработат амино-киселините, потребен е да се создаде серотонинот, мелатонинот и допаминот, помага во создавање на неуротрансмитерите па поради тоа помага во регулирање на умствените процеси.

За кого се наменети?

  • Бебињата и малите деца кои не добиваат доволно хранливи материи поради нивниот начин на исхрана
  • Бебињата и малите деца со недостаток на енергија поради лошото спиење и вознемиреност
  • Бебињата и малите деца кои имаат потешкотии со голтање таблети
  • Бебињата и малите деца кои примаат лекарства или кои заздравуваат од болести
  • Бебињата и малите деца кои имаат потреба од помош со ментална стимулација, фокусирање и концентрација

Препорачана дневна доза

Baby Vit Капки се земаат со храна. Добро протресете пред употреба.

Доенчиња 0 до 4 месеци: ½ мл (приближно 12 капки); 4 до 12 месеци: 1 ml (приближно 25 капки)

Над 12 месеци до 4 години: 1-2ml (приближно 50 капки).

Не го надминувајте препорачаниот дневен внес, освен ако не е препорачан од соодветно квалификувано лице.

** Додатоци во исхраната не треба да се користат како замена за разновидна исхрана

Состав во 1ml: Vitamin A (1000iu) 300μg,Vitamin D (400iu) 10μg, Vitamin E (5iu) 5mg, Vitamin C 50mg, Thiamine (Vit B1) 1.07mg, Riboflavin (Vit B2) 0.4mg, Nicotinamide 8mg, Vitamin B6 (Pyridoxine HCl) 0,4mg, Vitamin B12 2μg, Folic Acid 55μg, Glycerine BP 700mg.

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Прв напиши оценка “Baby Vit капки”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *