fbpx

Asprin 500mg

88.00ден

Аспиринот содржи ацетилсалицилна киселина, која ја ублажува болката, ја намалува треската и има антиинфламаторно дејство.

Аспирин 500 се користи за ублажување на:

  • главоболка
  • забоболка
  • болки во грлото
  • болки во грбот
  • болки во мускулите и зглобовите
  • болка за време на менструацијата
  • блага болка како резултат на воспаление на зглобовите ж
  • болката и намалување на треската при настинка или грип.

Не земајте аспирин доколку:

  • сте алергични на ацетилсалицилната киселина или додатните компоненти во овој лек
  • ако некогаш сте имале напад на астма при земање на аспирин или лекови слични на него (нестероидни антиинфламаторни лекови)
  • ако имате чир на гастроинтестиналниот тракт
  • ако имате сериозно оштетување на бубрезите или црниот дроб
  • ако имате сериозна срцева болест

Земањето аспирин кај деца може да предизвика ретка, но тешка компликација наречена Рејев синдром, која може да биде фатална. Затоа, не се препорачува употреба на лекот кај деца под 12-годишна возраст.

Внимателно прочитајте ги упатствата пред да започнете да го земате овој лек бидејќи содржи важни информации за вас. Кажете му на вашиот лекар или фармацевт ако земате, неодамна сте зеле или може да земете други лекови.

Начин на издавање

Производител

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Прв напиши оценка “Asprin 500mg”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *