Varuklim чај

150.00ден

Varuklim® хербалниот чај се користи за ублажување на менопаузалните симптоми и разните менструални пореметувања; вршат намалување на напливите на топли и ладни бранови; го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања и го намалуваат ризикот од развој на остеопороза кај жените во менопауза.

Активност:

Ублажување на менопаузалните симптоми.

Дејството на Varuklim® хербалниот чај се должи на присуството на изофлавоните – модулатори на нивото на естрогени хормони. Заради ваквото модулирачко дејство, изофлавоните се познати и како фитоестрогени. Кога нивото на естрогени е ниско, рецепторските места може да бидат зафатени од фитоестрогените, со што се добива т.н. проестрогенски одговор. Кога нивото на естрогени е високо, фитоестрогените се натпреваруваат со естрогенот за зафаќање на дел од рецепторските места, со што го модулираат и дејството на превисокиот ендоген естроген.

Употреба:

Varuklim® хербалниот чај се користи за ублажување на менопаузалните симптоми и разните менструални пореметувања; вршат намалување на напливите на топли и ладни бранови; го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања и го намалуваат ризикот од развој на остеопороза кај жените во менопауза.

Состав:

Trifolii herba, Bursae pastoris herba, Leonuri herba, Visci herba, Calendulae flos, Hyperici herba.

1 пакување содржи 100 g билен чај.

Дозирање:

Една супена лажица од чајната мешавина се прелева со 200 ml врела вода и се остава да се олади. Чајот се процедува и се пие незасладен, три пати на ден.

Производител

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Прв напиши оценка “Varuklim чај”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *