Betadine 10% раствор

165.00ден

Се користи за дезинфекција на кожата и на слузокожата за хируршки интервенции, инјекции и аспирации, за дезинфекција и лекување на инфицирани рани.

СОСТАВ

povidone-iodine : 10 %

ФАРМАЦЕВТСКА ФОРМА

раствор за кожа

ДЕЈСТВО

Бетадине растворот за дезинфекција и чистење на кожата како активен принцип содржи повидон-јод, комплексно соединение на поливинил пиролидонот и јод. Овој комплекс претставува јодофор, каде што поливинил пиролидонот служи како пренесувач на јодот. Во допир со кожата и слузокожата јодот полека се ослободува од комплексот и пројавува силно дејство кон бактериите, вирусите, габите, протозоите и кон спорите. Дејството настапува непосредно по примената и трае подолго во однос на другите препарати на јод.

ИНДИКАЦИИ

Подготовка (дезинфекција) на кожата и на слузокожата (вклучувајќи ја и вагиналната слузокожа) за хируршки интервенции, инјекции и аспирации;
Дезинфекција на рани, спречување инфекции при изгореници, инцизии и при други локални лезии;
Лекување инфицирани хируршки инцизии, инфицирани трауматски лезии, третман на лацерации и на абразии, инфицирани декубитални или застојни улцери, пиодермии и секундарно инфицирани дерматози и изгореници од втор и од трет степен.

ПАКУВАЊЕ

100 ml раствор

РЕГУЛАТОРЕН СТАТУС

ОТЦ

Пакување

,

Начин на издавање

,

Производител

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Прв напиши оценка “Betadine 10% раствор”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *