Ибутоп крем

215.00ден

Ибутоп крем е особено нежен за кожата и е наменет за пациенти со ревматски болки и болки во зглобовите кои имаат потреба од долготрајна симптоматска терапија. Брзо се апсорбира во болното ткиво, го намалува воспалението и отокот и ја подобрува мобилноста многу брзо.

Clear

Ибутоп крем е лек за дермална употреба, за нанесување на кожа и постигнување локален ефект. Лесно се нанесува, брзо се впива во кожата и има пријатен мирис.

1 g Ибутоп крем содржи 50 mg ибупрофен (5%) во масло/вода емулзија.

Помошни супстанции: метил-4-хидрокси бензоат-натриум; триглицериди, среден ланец; глицерол моностеара; макроголстеарат 1500; макроголстеарат 5000; пропилен гликол; ксантан гум; масло од лаванда; нероли масло (масло од цветот на горчлив портокал); вода, прочистена.

 

Ибутоп крем се употребува за локален третман на ревматска болка на коскеното и мускулното (мекото) ткиво, како и при третман на не-ревматска болка:

-мускулен ревматизам (ревматски третман на меките ткива),

-болни дегеративни состојби (артроза),

-ревматски воспалителни состојби на зглобовите и ‘рбетот (ревматски третман на коскеното ткиво),

-отоци или вопспаленија на мекото ткиво околу зглобовите (бурса, воспаление на тетиви, на обвивката на тетивите, лигаментите и на зглобните капсули),

-вкочанетост на рамената, мијалгија, лумбаго,

-спортски и други случајни поврди на екстремитетите како што се акутни нагмечувања (хематоми), исчашување, истегнување и оптоварување.

Пакување

Производител

Начин на издавање

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Прв напиши оценка “Ибутоп крем”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *