© 2019 Ana Talevska 

Совети како да останете здрави за време на сезоната на вирусни настинки!

Во оваа статија ќе можите да прочитате совети како да ги намалите шансите да бидете заразени од вирусни настинки, исто така ќе откриете, која е причината за појава на настинки во зимскиот период, како настинките се шират, како може да бидете заразени.


Настинките обично вклучуваат симптоми како, течење на нос, кашлица, болно грло и кивање. Овие настинки се предизвикани од вируси. Најчест вирус виновен за настинките е Рино вирусот, но познати се досега повеќе од 200 различни вируси кои предизвикуваат настинка. Настинките најчесто се пренесуваат од човек на човек. Големиот број на вируси е причината зошто секоја година луѓето настинуваат.


Како вирусните настинки се шират и можат да ве заразат?

Иако лек за вирусна настинка не е сеуште откриен, научниците во изминатите години имаат доста откриено за начинот како вирусите се шират и ги заразуваат луѓето. Кашлањето и кивањето се на првото место како пат по кој вирусите се пренесуваат од човек на човек. ( луѓето во тој случај го вдишуваат вирусот од кашлицата или кивањето.) Да се заразите од Рино вирусите исто така е можно и при физички контакт, пример ракување, гушкање и слично, исто можно е да се заразите од овие вируси при допирање на рачки од врата, прекинувачи за сијалица, телефони и други предмети кои предходно биле допрени од заразена индивидуа. Во тој случај доколку го доприте лицето особено ност и очите, вирусот од вашите раце многу лесно ќе влезе во вашето тело, каде ќе почни да се размножува и да ги прдизвикува симптомите на настинка.

Направено било научно истражување во кое , лица заразени од вирусна настинка престојувале во еден хотел. На крајот од денот биле запрашани , кои предмети, рачки од врати и сл, ги допреле во текот на денот. Понатаму овие површини биле испитани дали на нив после 24 часа сеуште има вируси. Откриено било дека 35% од се што допреле било контаминирано со вируси и тоа вклучувало ( пенкала, рачки на врати, прекидувачи за сијалици, даљинска, лабавоа, и телефони.

Истражувањето исто покажало колку лесно овие вируси се пренесуваат до луѓето. Кога волонтерите ги допреле овие контаминирани предмети еден час откако биле контаминирани предметите, вирусот се пренесол на рацете од волонтерите 60% од времето! Цели 18часа по контаминација на предметите, вирусот се пренел на рацете на волонтерите 33% од времето! Од тука произлегува дека најефикасен начин да се превенира настинката е да не ги допирате очите и устата со раце, а бидејки тоа некогаш се случува и несвесно, често да ги миете рацете.



Како да ги намалите шансите да бидите заразени од вирусна настинка?


  1. Немојте да ги допирате носот и очите со рацете! Сепак голем дел од нас тоа го прават несвесно па затоа втор начин да превенирате да бидите заразени од вируси е :

  2. Често миете ги вашите раце

  3. Редовно чистете ги површините во вашите домови и работни места кои често доагаат во контакт со луѓе. ( пр. Рачки на врати, маси, играчки, телефони и др.

  4. Бидете физички активни! Во најмала рака пешачете 3 пати неделно по еден час. Физичката активност покрај тоа што го намалува стресот го зголемува и имунитетот. Физичката активност ја зголемува циркулацијата а со тоа циркулацијата на белите крвни зрнца и му помага на организмот да се бори против вирусите.

5. Спиете по 8 часа секоја ноќ. Откриено е дека индивидуите кои имале доволен сон од 8 часа имале поголема резистентност кон вирусите. Една причина за ова е што за време на сонот се ослободуваат цитокини, тоа се протеини кои му помагаат на телото да се бори против инфекции преку регулирање на имуниот систем.

6. Пијте зелен чај. Зелениот чај е богат со антиоксиданси наречени флавоноиди. Покрај тоа зелениот чај влијае позитивно врз намалување на крвниот притисок и намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

7. Намалете го конзумирањето на алкохол. Алкохолот ги оштетува дендрите, кои се клетки битни за нормална функција на имуниот систем.

8. Конзумирајте витамин Ц! Најдобро е да се консумира преку исхраната, преку консумирање на овошје и зеленчук но можите исто да консумирате како додаток на исхраната витамин Ц во фома на таблети или или шумливи таблети.

9. Намалете го стресот! Стресот го намалува имуниот систем и ве прави по подложни кон вирусни настинки. Практикувањето на јога и/или медитација можи значително да го намали стресот.



#bloг #WixBlog #блогзаздравје #здравје #настинки #вируси #совети