© 2019 Ana Talevska 

️❗️❗️❗️ ВАЖНО ❗️❗️❗️

Ве известуваме дека почнувајќи од понеделник, 17.03, со оглед на моменталната состојба поради вирусот Ковид – 19, услугата на пациентите во нашата аптека ќе биде спроведена преку шалтер систем поставен на главниот влез. Оваа мерка е донесена како и за ваша, така и за наша безбедност.

Со цел избегнување на создавање гужва и нестрпливост пред самата аптека, а воедно и намалување на додатен близок контакт помеѓу самите пациенти, овозможуваме ОНЛАЈН НАРАЧКА на потребните производи.


🔹 ЗА МАГИСТРАЛНИ ЛЕКОВИ: сликајте ја рецептата и испратете ја преку истиот линк заедно со вашите податоци.
🔸 ЗА ЛЕКОВИ НА РЕЦЕПТА: сликајте го горниот дел од самата рецепта (може и повеќе рецепти на една слика, се додека истата е читлива).
Откако вашата нарачка ќе биде комплетирана, ќе бидете известени преку вашиот ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ 📞. Потоа, истиот ден ќе може и да ја подигнете.

Како може да помогнете?
💻 - поддржете нè со правење на онлајн нарачки
💳 - плаќајте со картичка долколу е тоа во ваша можност
🧍‍♀️....1,5м....🧍‍♀️ - додека чекате пред аптеката држете меѓусебно раастојание од минимално 1,5м
- почитувајте го редот и не ширете паника. Ќе напраавиме се во наша можност што побргу да бидете услужени.

Дотогаш внимавајте на вашето здравје, како и на оние околу вас. #StayHome. 🙏

Ви благодариме за вашето разбирање. Јавното здравје е заедничка одговорност! 💛